Обдукцијата на телото на Словенецот Андреј Беуц кој настрада на 7 август при скокот во реката Дрина од мостот во Зворник покажа дека смртта настапила поради кршење на вратните пршлени.
Официјалните резултати на обдукцијата на Словенецот ќе бидат соопштени во следните денови.
Телото на Беуц беше пронајдено во реката Дрина, на подрачјето Козлук, на 11 август оваа година.