Откриен случај на африканска свинска треска во Грција

Од:

Во мала, домашна, фарма за свињи во грчкиот град Серес вчера беше откриен прв случај на африканска свинска треска, потврдија од Министерството за земјоделство и храна на Грција.

Тие соопштија дека станува збор за болест на животните и не се пренесува на луѓето и објавија низа мерки, јави дописничката на МИА од Атина.

Забрана живите свињи да го напуштат делот околу Серес, забрана за изнесување месо, свинско месо и слично од конкретниот регион, се дел од мерките на министерството.

Министерот за земјоделство и храна на Грција Макис Воридис рече дека нема потреба на загриженост, бидејќи станува за болест што не им штети на луѓето, а дополнително ќе се испита како свинската треска пристигнала во Грција.

Станува збор за болест на животните, не им штети на луѓето, туку само се заканува на добитокот.

Ова го кажувам за да не постои некакво недоразбирање или загриженост во однос на здравјето на луѓето, рече Воридис.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он