Осумдесет проценти од граѓаните на БиХ сакаат земјата да стане членка на ЕУ

Од:

Речси осумдесет отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина сакаат земјата да стане дел од европското семејство, покажуваат резултатите од спроведената анкета на Дирекцијата за европска интеграција на БиХ.

Според анкетата, значителна промена кај јавното мислење на граѓаните во однос на 2012 година нема, при што е утврдено дека осум од десет граѓани на БиХ го поддржуваат членството во Унијата.

Најголемиот број испитаници во БиХ имаат позитивно мислење за ЕУ, иако една третина од нив се од територијата на Република Српска, кои имаат негативен став.

Како предност од членството во ЕУ најголем број од анкетираните посочиле отворањето на поголем број на работни места, кои би биле подобро платени.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина