Островот Икарија не сака да биде повеќе грчки

Од:

Грчкиот остров Икарија, по истекувањето на 100-годишниот договор според кој тој и припаѓа на Грција, сака да биде независен, или евентуално да се спои со Австрија.

Овој остров по ослободувањето од Отоманската власт, во 1917 година, пет месеци беше независна држава, по што се приклучи на Грција.

По истекот на договорот, пренесува италијанскиот весник „Libero“, Икаријанците се двоумат за Атина или Виена.

Островот има околу 9.000 жители и се размислува за спроведување на референдум на кој тие ќе одлучат, дали ќе продолжат да бидат дел од Грција, Австрија или да бидат независни.

„Владата не заборави пред многу години. Ако тие само ни ветуваат нови патишта кои ги нема, нема нови болници, тогаш ние слободно можеме да се одлучиме за отцепување од Атина“ велат жителите на Икарија.

Отцепувањето на овој остров од Грција, би можело да има големи последици за европскиот миленик, бидејќи овој остров е многу важен за обезбедувањето на атинскиот рибарски пазар.

За време на грчката воена диктатура од 1967 годинадо 1974 година. Икарија се користише како затвор за комунистичкте дисиденти.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он