Милан Ѓуриќ поднесе оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад.
Како одговорен човек и одговорен политичар, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад, се наведува во соопштението за јавноста.
– Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на понатамошните поделби во општеството се клучни услови за натамошен напредок и развој на Нови Сад и подобрување на животот на жителите на Нови Сад. Во време кога општеството се соочува со огромни тензии, кои стануваат покомплексни, се закануваат да предизвикаат понатамошни и подлабоки поделби, вклучувајќи го и последниот насилен напад врз студент, на кој му посакувам брзо закрепнување, како некој кој верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, сметам дека прифаќањето одговорност е и поднесувањето оставка, моја човечка и политичка обврска и морална должност. Уште еднаш ја повикувам полицијата што поскоро да ги открие напаѓачите на студентот, а правосудните органи да ги казнат согласно законот“, се вели во соопштението.