Осомничените за убиството на Данка биле пресметливи, резултати од вештачењето

Од:

Дејан Драгијевиќ (50) од Злот и Срѓан Јанковиќ (50) од Лука, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март во Бањско Поље, во моментот на делото биле здрави и пресметливи, според записниците од психијатриските вештачења кои се пристигнати во Вишото јавно обвинителство во Зајечар.

Драгијевиќ и Јанковиќ во април беа испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, денеска од Вишото јавно обвинителство Зајечар потврдија дека осомничените врз основа на наодите на вештачењето се прогласени за здрави.

Според досега добиените резултати од вештачењето на ДНК засега нема биолошки траги од од девојчето Данка Илиќ, но вештачењето се уште трае во тој дел, а од Обвинителството велат дека се уште трае и вештачењето на движењето на возилото на осомничениот врз основа на ГПС уредот .

Малата Данка Илиќ беше убиена на 26 март годинава. За тоа дело се осомничени Дејан Драгијевиќ од Злот и Срѓан Јанковиќ од Лука, двајцата работници на ЈКП „Водовод“ Бор, кои се во притвор.

Во притвор е и Раде Драгијевиќ, татко на Дејан Драгијевиќ но тој ќе биде ослободен.

– Притворот на Радослав Драгијевиќ истекува на 29 мај, а бидејќи притворот не може да трае подолго од 2 месеци за кривичното дело што му се става на товар, нема услови притворот на осомничениот Радослав Драгијевиќ да му биде продолжен по 29 мај – посочуваат од Обвинителството во Зајечар.

Според сознанијата пренесени во српските медиуми, од обвинителството ќе предложат продолжување на притворот за главните осомничени Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

Во полиција беше приведен и братот на Дејан, Далибор Драгијевиќ, кој почина во полициската станица во Бор.

Во меѓувреме почина мајката на Дејан Драгијевиќ, Светлана Драгијевиќ.

Обвинителството додава дека на 27 и 28 мај ќе сослушаат четворица нови сведоци.

Би можело да ве интересира

Обвинетите за убиството на малата Данка остануваат зад решетки

А1он

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Не учествувал во убиството и никогаш не ја видел Данка – прозборе еден од осмничените за убиството на девојчето

Еден од осомничените за убиството на Данка денеска го прекинува молкот

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Братот на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ починал од насилна смрт, бил претепан

Предраг Петровиќ