Ослободени тројца пратеници од Златна зора, еден останува во притвор

Од:

Тројца пратеници од грчката крајнодесничарска партија Златна зора се ослободени пред почетокот на судскиот процес по обвиненијата за учество во криминална организација, а четвртиот е задржан во притвор, соопшти денеска судски извор.

Портпаролот на партијата Илиас Касидиарис е ослободен под кауција од 50 илјади евра под услов да не ја напушта земјата. Илиас Панајотарис и Никос Михос се ослободени за забрана за патување, Јоанис Лагос е задржан во притвор.

Четворицата ги отфрлија обвиненијата при сведочењето пред истражен судија за време на сослушувањето, што траеше 18 часа и заврши изутринава.

Касидиарис објави дека е жртва на политичка истрага.

Изненадувачката одлука за нивно ослободување ги усложнува напорите на Владата за зајакнување на мерките кон партијата, откако нејзин член минатиот месец уби грчки музичар.

Четворицата пратеници беа уапсени во саботата заедно со лидерот на Златна зора, Николарос Михалолиакос, кој денеска треба да се појави пред суд.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина