Ослободени 21 лице осомничени за заговор против владата на Ердоган

Од:

Турски суд денеска ослободи 21 човек на судењето против 275 луѓе меѓу кои е и поранешниот началник на ГШ на турската арммија.

Тие беа обвинети за заговор да ја урнат владата, јави НТВ.

Меѓу обвинетите се и Илкер Башбуг, поранешен началник на ГШ како и други офицери, адвокати, академци и новинари.

Тие се обвинети за припадност во терористичка организација, незаконско поседување оружје и поттикнување на вооружен бунт против Ердоган и неговата Партија на правдата и развој.

Обвинението има 2.455 страници и во него припадниците на терористичката органзиација Ергенекон се обвинети за серија напади и политичко насилство.

Турската секуларна опозиција го осуди процесот кој почна во 2008 година нарекувајќи го лов на вештерки за да се замолчат критичарите на власта.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски