Група од 180 демонстранти приведени за време на протестите во Истанбул денеска се ослободени, соопшти Окружниот обвинител во Истанбул, јави Анадолија.
Вкупно 106 лица ослободи истанбулската полиција, додека 74 се ослободени од Обвинителството.
Вчера се ослободени 81 демонстрант, приведен во рамките на истрагата за нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите. Со тоа бројот на приведени па ослободени демонстранти во Истанбул достигна 261 лице.
Протестите во Истанбул почнаа како барање за прекин на градежните работи во паркот Гези, во рамките на проектот за изграба на трговски центар на плоштадот Таксим.