Во следните два дена избегнувајте ги квартовите на Истанбул каде што се организираат демонстрации, советуваат од македонскиот конзулат во Турција.
Генералниот конзул Зерин Абас за 24 Вести вели дека постои опасност со вклучувањето на синдикатите, демонстрациите дополнително да се радикализираат.
Македонскиот конзулат во Истанбул е сместен токму во близина на плоштадот Таксим, во средиштето на најголемите антивладини демонстрации, каде што е оштетено дипломатското возило на конзулатот на Република Македонија од марката „Шкода“.
Од турската влада најавија дека ќе излезат во пресрет за поправака на возилото.