Опасност од поплави во БиХ

Од:

Забрзано расте водата во Рамско Езеро на Хидроелектраната „Рама“ во Босна и Херцеговина, каде уште 3,5 сантиметри ја делат браната од прелевање, а во случај на испуштање на водата од хидроакумулацијата можни се поплави се до Јадранско Море.

Поради тоа Федералниот штаб на цивилната заштита издаде предупредување до населението од реонот на река Рама, Јабланичкото Езеро и Неретва, да биде внимателно и оти е можна евакуација.

Посебно е загрозено населението во реонот на населбата Грачаница, во Општина Прозор.

Вондредни одбранбени мерки од поплави се во сила на три реки – Крупа, Требижат и Сана.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина