Омбудсманот е првата институција во Турција што на сајтот објави соопштение на курдски јазик

Од:

Омбудсманот е првата уставна институција во Турција што на својот сајт објави соопштение на курдски јазик, во кое фигурираат буквите „w, x, q“, што во земјата се сметаат за забранети, пренесе турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Овие латински букви, што се користат при пишување на курдски јазик, не фигурираат во азбуката прифатена меѓу Турците.

Соопштението, ставено на Инернет страницата на институцијата Омбудсман, било преведено, исто така, на арапски и англиски јазик.

Одлуката на Омбудсманот да го стави текстот на курдски јазик доведе до коментари дека тоа може да се сфати како знак за фактичко повлекување на забраната со која се судруваат курдските општини кога на парковите и улиците ги ставаат имињата на курдски јззик, посочува Си-Ен-Ен-Турк.

Курдската азбука не е призната во Турција и употребата на курдските имиња, кои ги соддржат буквите „w, x, q“, не е дозволена.

До доаѓањето на власт на Партијата за правда и развој во 2002 година врз употребата на курдски јззик во Турција се применуваа уште построги рестрикции, а јазикот беше забранет во образованието и медиумите.

Во последната деценија беа спроведени реформи за проширување на правата на Курдите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски