Околу 265 осуденици во затворот во црногорскиот град Спуж веќе трет ден штрајкуваат со глад, незадоволни од предложените измени на Законот за амнестија.
Затворениците стапија во штрајк во вторникот. Нивната состојба засега е стабилна, како и безбедноста во затворот, соопшти црногорското МИнистерство за правда.
Со измените на законот за амнестија, предложен од Социјалистичката народна партија, со кои е предвидено лицата кои веќе биле помилувани, да немаат повеќе правци на амнестија. Предлог-законот предвидува и да не можат да бидат амнестирани лицата осудени за тешки убиства.
Предлог-законот е во парламентарна процедура.