Огромна количина оружје пронајдена во БиХ

Од:

Припадници на Државната агенција за истрага и заштита на БиХ (СИПА), пронашле голема количина оружје во акцијата кај местото Тешња.

Според весникот „Дневни аваз“, оружјето било закопано во земјата и станува збор за една од најголемите количини оружје пронајдено во БиХ по војната.

Се работи, според досегашните сознанија, за гранати пронајдени на локалитетот меѓу Теслиќ и Тешња, кој во војната бил во близина на линијата на поделба.

Со истрагата раководи Обвинителството на БиХ, а во моментот се работи на откопување, евидентирање и транспорт на оружје откако на терен е упатен камион со вооружени сили на БиХ, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он