Анкара денеска и официјално го потпиша договорот со Вашингтон, со кој на коалициските сили предводени од САД им се дозволува користење на воздухопловната база Инџирлик, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Договорот за користење на базата исклучиво се однесува на борба против Исламска држава и не вклучува поддршка од воздух за курдските борци во северниот дел на Сирија.
Договорот беше постигнат минатата недела меѓу претседателите на САД и на Турција, Барак Обама и Реџеп Таип Ердоган.