Одложена посетата на Фон дер Лајен на Подгорица

Од:

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Црна Гора е одложена бидејќи нејзиниот авион не можел да полета од аеродромот во Белград поради магла.

Фон дер Лајен вчера беше во посета на Босна и Херцеговина и Србија, а денеска требаше да ја посети Црна Гора, како дел од регионалната турнеја низ Западен Балкан.

Во Црна Гора таа требаше да се сретне со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и со премиерот Дритан Абазовиќ.

„Денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Црна Гора за жал ќе мора да се одложи за друг датум бидејќи поради временските услови авионот на делегацијата не може да полета од аеродромот во Белград. Посетата ќе биде организиран на нов датум што ќе биде меѓусебно договорен“, соопштија од делегацијата на ЕУ во Подгорица.

Црна Гора ќе добие финансиска поддршка од Европската унија за надминување на очекуваната енергетска криза, а тоа беше главната причина за посетата на Фон дер Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски