Оџалан: Преговорите се историски

Од:

Kурдскиот лидер Абдула Оџалан, кој се наоѓа во затвор, изјави дека разговорите со Турција во врска со прекинување на повеќедеценискиот конфликт се “историски чекор”.

Тој ги повика сите вклучени страни да покажат “грижа и чувствителност.”

Неговата кратка порака ја пренесоа денеска три прокурдски пратеници на кои им беше дозволено да отпатуваат на островот во близина на Истанбул, да го посетат во затвор и да го известат за напредокот на мировниот процес.

Турската влада соопшти во декември минатата година, дека води разговори со Оџалан, за да ги убеди бунтовниците да прогласат прекин на огнот, да се повлечат од Турција и да го одложат оружјето, подсетува АП.

Пратеникот Первин Булдан им изјави на новинарите дека Оџалан изразил надеж оти наскоро ќе бидат ослободени официјалните лица и војниците кои беа киднапирани од бунтовниците.

Оџалановата Работничка Партија на Курдистан (ПКК) од 1984 година, се бори за независност на територијата каде што мнозинството Курди живеат, на југоисток од Турција. Во текот на повеќедеценискиот конфликт животот го загубија десетици илјади луѓе, забележува АП.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски