Лидерот на турската работничка партија Абдула Оџалан ги одобри антивладините протести, кои веќе осми ден ја потресуваат Турција.
Неговото одобрение доаѓа и покрај преговорите, кои тој ги води со турските власти.
– Сметам дека движењето на отпорот има право и го поздравувам, рече лидерот на ПКК во порака прочитана од еден од замениците претседатели на прокурдската Партија за мир и демократија, кој го посетил Оџалан во затворот на островот Имрали, во северозападниот дел на земјата, каде курдскиот лидер излежува доживотна пресуда.
Во пораката Оџалан, меѓутоа, ги повикува демонстрантите да не дозволат да бидат искористени од националистички средини или луѓе кои сакаат да извршат преврат.
Тој ги повика демонстрантите да ги прифатат со „широко отворени раце“ демократските, револуционерните и прогресивните сили во Турција.
Во однос на мировниот процес, кој тече неколку месеци меѓу ПКК и Анкара, Оџалан изјави дека лично тој ги исполнил задолженијата и повеќе од тоа.
Преговорите беа обновени на крајот на 2012 година, за да се стави крај на курдскиот конфликт, кој го однесе животот на над 40.000 лица од почетокот на бунтот на ПКК во 1984 година.