Обвинителство: Санадер примаше мито и е воен профитер

Од:

„Во случајот против Иво Санадер, докажано е дека ја злоупотребил положбата и овластувањата и примал мито“, рече обвинителството  во завршните зборови на судењето во Загреб.

Според обвинителката Тамара Лаптош, Санадер е виновен и за воено профитерство.

Обвинет е дека земал мито во висина од 794.000 евра провизија од австриската Хипо банка. Ова, рече е земено во време кога бил заменик-министер за надворешни работи и ги користел за време на војната и висока инфлација, поради што Хрватска тешко доаѓаше до пари од меѓународните финансиери, и затоа ова е воено профитерство.

Санадер ги отфрли сите обвинувања дека примал мито и дека е воен профитер.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Хрватските ракометари слетаа во Загреб, ги чека преполниот плоштад Бан Јелачиќ

Земјотрес во Далмација