Обвинителство на БиХ покрена обвинение против 13 лица за експлоатација на работници

Од:

Обвинителството на Босна и Херцеговина покрена обвинение против 13 лица за експлоатација трудот на над 600 лица, граѓани на Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, кои ги испраќале на работа во Азербејџан, соопшти Танјуг.

Меѓу обвинетите има неколку граѓани со двојно државјанство на Србија и Босна и Херцеговина.

Истрагата утврди дека обвинетите со организиран криминал и трговија со луѓе во периодот од 2007 до 2009 година ја искористиле тешката финансиска ситуација на жртвите и организирале заминување на стотици граѓани на работа во Азербејџан.

При врбувањето во Босна и Херцеговина и пристигнувањето во Азербејџан работниците биле држани во вонредно лоши услови, а не им биле исплаќани договорените плати, им биле наметнувани парични казни, терани биле вонредно да работат без можност да ја откажат таквата работа. На работниците им биле одземени документите и биле целосно зависни од обвинетите, немале средства за живот, била ограничена нивната слобода на движење и можноста да се вратат во Босна и Херцеговина.

Експлоатирајќи ги жртвите, обвинетите се здобивале со незаконски милионски заработки, што ги чувале на сметки во неколку држави. Според собраните докази, станува збор за сума од околу три милиони евра, чие одземање ќе биде побарано за време на судската постапка.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници