Тројца ранети во престрелката кај Младеновац се оперирани во болницата во Смедерево и се во стабилна состојба, јавува репортерот на РТС.
Две помлади ранети лица сместени во Клиничката болница „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во текот на ноќта се оперирани и се во стабилна состојба. Еден пациент поради ортопедски повреди ќе биде пренесен во Ургентниот центар.
Во Клиничкиот болнички центар на Србија има осум ранети, но засега нема официјални информации за нивната состојба.