Новите членови на грчката Влада положија свечена заклетва

Од:

Религиозна заклетва во претседателската палата положија деветтемина нови министри, алтернативни министри и заменици- министри во грчката Влада, по денешната реконструкција.

На свечената заклетва, согласно протоколот, присуствуваа претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Свечена заклетва положија Атанасиос Плеврис како нов министер за здравство, Панајотис Теодорикакос, како министер за цивилна заштита, Василис Кикиљас – министер за туризам, Асимина Гага – алтернативна министерка за здравство, Никос Хардаљас – заменик-министер за национална одбрана, Андреас Кацањотис – заменик- министер за надворешни работи, Михаил Пападопулос и Јоргос Карајанис, како заменици-министри за транспорт и инфраструктура и Симон Кедикоглу како заменик министер за земјоделски развој и храна.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово направи 11 промени во неговата Влада, а откако поранешниот началник на Генералштабот на армијата и поранешен министер за одбрана во Владата на СИРИЗА Евангелос Апостолакис не ја прифати позицијата министер во новоформираното Министерство за цивилна заштита и управување со кризи, останува во следниот период да се одреди нов министер.

За попладнево, закажано е и примо- предавање на функциите во Министерствата за здравство, туризам и цивилна заштита.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина