Нови судири на турската полиција со демонстранти во Анкара

Од:

Турската полиција употреби доцна синоќа солзавец и водени топови во центарот на Анкара за да растера стотици учесници во антивладини протести.

Полицијата уапсила четворица демонстранти, јавуваат турски медиуми. Солзавецот бил употребен откако полицијата се судрила со стотици демонстранти во квартот Дикмен кои не сакале да се повлечат до доцна во ноќта. Демонстрантите подигнале барикади на улици и блокирале сообраќај што било причина полицијата да дејствува, јави НТВ.

Од почетокот на демонстрациите на 31 мај досега загинаа четири луѓе и речиси 8.000 се повредени.

Протести во Истанбул во изминатите денови веќе нема, но демонстрации продолжуваат во Анкара и полицијата реагира секоја ноќ за да ги растера луѓето кои протестираат против Владата на Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски