Полицијата во Истанбул повторно употреби солзавец и водени топови за да ги протера демонстрантите кои што се собраа на плоштадот Таксим, со цел да влезат во паркот Гези.
Неколку илјади луѓе денес се упатија на плоштадот и покрај предупредувањето на градскиот гувернер дека протестите се нелагални и дека полицијата нема да ги дозволи.
Истанбулскиот гувернер, Хусеин Авниј Мутлиу пред протестот предупреди дека собирањето на демонстрантите на Таксим е незаконско и дека полицијата ќе ги протера учесниците.
Организаторите на протестот изјавија дека собирот е за да им ја предадат судската одлука на властите, со која се уништени плановите за рекострукација на паркот.
Елена Георгиевска