Турската полиција употреби солзавец и водени топови за растурање на стотината демонстранти кои вчера вечер се собраа на плоштадот Таксим во Истанбул, при што најмалку четири лица се повредени.
На плоштадот, што беше центар на најсилните протести во јуни, против владата на премиерот Ердоган протестираа околу 500 демонстранти.
Демонстрантите носеа пароли „Ќе издржиме додека не победиме“ и „Ова е само почеток, ќе продолжиме да се бориме“.
Турската исламистичка влада во јуни се соочи со бран протести поради плановите за реконструкција на паркот Гези, кои подоцна прераснаа во поголемо движење против политиката на владата.
Во немирите загинаа вкупно пет лица, а над 8.000 беа повредени. Властите го затворија паркот за јавноста откако полицијата застрела демонстрант на 15. јуни.
Паркот на почетокот на месецот беше повторно отворен, но протестите во него се уште се забранети.