Нови детали: Убивал на пикник и низ села, жртвите на возраст од 15 до 25 години

Од:

Напаѓачот Урош Б.(21), кој синоќа кај Младеновац во Србија уби осум и рани 14 лица, утринава е уапсен, откако повеќе од осум часа бегаше од полицијата.

Припадниците на МВР по опсежна потрага го уапсија У.Б.(2002) во населба Грошница, во околината на Крагуевац“, соопшти МУП. „Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица и повредил 14. Полицијата продолжува со работа за расветлување на сите факти и околности на овој настан“, соопшти МВР.

Урош го почнал крвавиот поход на едно место кога излегол од автомобилот и пукал во група луѓе кои седеле околу логорски оган на пикник, пишува Блиц. Потоа стигнал до позиција на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица кои ја поправале оградата во дворот.

Потоа се вратил во автомобилот и се упатил кон центарот на селото Дубона и повторно пукал, при што убил две лица – полицаец кој не бил на должност и неговата сестра. Убиецот потоа избегал и огромната потрага по него траела цела ноќ.

Во викендицата што ја користел убиецот е пронајдено поголемо количество оружје и муниција, а се е одземено, јавува Блиц.

Во Дубона кај Младеновац е убиен полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25) Во друга област Смедерево починал М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).

Би можело да ве интересира

Урош Блажиќ одбивал да јаде затворска храна, тврдел дека бил нападнат

Деветкратниот убиец од Младеновац доби 20 години затвор

Катерина Ѓуровски

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски