Нови четири жртви и над 300 заболени во Косово во последните 24 часа

Од:

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.532 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа четири од лицата заразени од коронавирусот.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.787 тестови со методот РТ-ПЦР (256.355 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 307 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна до 63.089. Од нив болеста досега ја совладале 54.661 лице, а во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 221 пациент.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 6.896 активни носители на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Косово продолжува да ги олеснува анти-ковид мерките

Косовските општини бараат укинување на полицискиот час

Протест во Приштина против задолжителната вакцинација

Здравствените власти на Косово бараат одлагање на локалните избори

Рекордни 36 починати во 24 часа од Ковид-19 во Косово

Косово повторно воведе полициски час и режим за влез во земјата

Катерина Ѓуровски