Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул.
Ова го соопшти турската кризна служба.
Неколку силни потреси беа почувствувани во западниот дел на градот во 19:33 часот по средноевропско време, но тие беа послаби за разлика од тој во средата.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени.
Да потсетиме, во земјотресот со јачина од 6,2 степени и последователните потреси на 23 април, повеќе од 150 луѓе беа повредени во најголемиот турски град.