Његош прогласен за светец

Од:

Со свечена литургиски внесување на иконата на Светиот митропилит Петар втори Цетињски денеска 19. мај е востановен како датум за празнување на Петар Петровиќ Његош како светител, на ниво на Црногорско-приморската митрополија.

Службата ја водеше архиепископот цетински црногорско-приморски Амфилохие кој кажа дека на својата прва икона митрополитот Петар Петровиќ Његош со право е наречен Ловќенски тајновидец, зашто навистина бил тајновидец.

Во текот на литургијата иконата на Светиот митрополит Петар Втори е поставена на иконостасот во црквата на Цетинскиот манастир каде се наоѓа и ликот на Светиот Петар Цетински.

njegos-ikona-03_ff

Његош е претставен со архиерејска одежда. Во десната рака ја држи ловќенската црква на Свети Петар Цетински, а во левата свиток со стихови посветени на Христос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски