„Независне новине“: ЕК на лидерите од БиХ им дава рок до среда

Од:

Европската комија од политичките лидери во Федерацијата Босна и Херцеговина до следната среда очекува договор и конечно решение за начинот на спроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметот „Сејдиќ и Финци“, дознава бањалучкиот весник „Независне новине“ од дипломатски извори во Брисел.

Поради договорот, но и поради претстојните бајрамски празници, можно е поместување на терминот за објавување на новиот извештај за напредокот на БиХ од 16 на 21 октомври, од што зависи европскиот пат на БиХ во следните две години, но и планираното „отворање“ на претпристапните фондови (ИПА).

Пред два дена и еврокомесарот Штефан Филе изјави дека перспективата на БиХ да стане земја-членка на ЕУ и натаму останува, но оти лидерите на највлијателните партии во БиХ без одложување мора да ги усогласат спорните прашања, како што се спроведување на пресудата од Европскиот суд и механизмот за координација.

Станува збор за спроведување на одлуката на Европскиот суд во предметот „Сејдиќ-Финци“ која треба да овозможи изземање на дискриминацијата од Уставот и да им се овозможи на припадниците на малцинствата да се кандидираат за највисоките државни функции.

 

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он