Бројот на невработени во Турција во јануари изнесува 2.890.000 лица, објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на податоци на Турскиот институт за статистика.
Според најновите податоци невработеноста во Турција во првиот месец од годината е зголемена за 0,4 проценти на 10,6 отсто. Бројот на невработени е зголемен за 226 илјади луѓе.
Невработеноста во јануари во урбаните средини изнесува 12,9 отсто, додека бројот на невработени млади на возраст од 15 до 24 години бележи раст од 2,3 проценти на 20,7 отсто.
Бројот на вработени турски граѓани во јануари изнесува 24.433.000 луѓе. Околу 22,4 проценти од нив се вработени во областа на земјоделството, 19,9 отсто во индустријата, 6,3 проценти во градежништвото, а останатите 51,4 проценти работат во областа на услугите.