Невиден хорор во БиХ: Син силувал мајка

Од:

53-годишниот М.К. од Купес во БиХ е осомничен дека ја силувал мајка си, која е на возраст од 77 години, дознава „Независне новине“.

Како што дознале, се се случило во вторникот во нивната куќа, а полицијата била известена дека синот ја силувал мајката, а мажот веднаш бил уапсен.

Како што соопшти тамошната полиција, против М.К. поднеле пријава до надлежното Кантонско обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело силување, а дополнително го товарат и за недозволено поседување оружје или распрскувачки материјали.

„Имено, на 25 април, припадници на ПП Купрес добиле пријава дека во Купрес М.К.(53) со употреба на физичка сила се обидел да силува лице (77) во неговата куќа. Исто така, во текот на истрагата во куќа што ја користел пријавениот, пронајдена е поголема количина оружје“, соопшти полицијата.

Од пријавениот се одземени: 14 рачни бомби, две автоматски пушки, една полуавтоматска пушка и самооден пиштол модел М 57 и 1.071 парче муниција калибар 7,62 мм.

По завршување на кривичната истрага, осомничениот ќе биде предаден на кантоналното обвинителство во Ливно на понатамошна обработка заедно со извештај за сторени кривични дела.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина