Во несреќа предизвикана од истекување на гас во рудник за јаглен во северна Турција денеска, загинаа пет рудари, еден е повреден, а двајца се исчезнати, но се стравува дека и тие се мртви, рече турскиот официјален претставник задолжен за рударство Бурхан Инан.
Тој додаде дека спасувачите ги извлекле телата на петте рудари и спасиле шест рудари од рудникот во Зонгулдак, пренесе АП.