Ненад Калуѓеровиќ го запре убиецот од Цетиње и спречи уште поголем масакр

Од:

Вук Бориловиќ, човекот кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и имал три деца.

Наводно имал кавги со потстанарите и вооружен отишил во објектот каде што ги изврши злосторството. Се претпаоставува дека маскрот би имал поголеми размери да не се појавел Ненад Калуѓеровиќ за кого беше објавено дека го убил Бориловиќ.

Калуѓеровиќ не е приведен и уште нема информации дали воопшто како би било квалификувано неговото дело.

Некои од црногрските медиуми веќе објавуваат делови од кривичнот закон според кој нема кривично дело ако делото е направено во крајна нужда.

На социјалните мрежи Црногорците во него гледаат заштитник кој не дозволил да се пролее уште крв на улиците во Цетиње.

Инаку, во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четири лица, повредени во вчерашната трагедија во Цетиње, од кои едното е во критична состојба и е на интензивна нега.

Како што информираат од КЦЦГ, еден пациент е надвор од животна опасност, како и двајца други пациенти во болницата во Цетиње.

Соопштија дека еден од пациентите во е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.

„Вториот пациент по приемот е третиран хируршки, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега. Третиот пациент има абдоминална повреда. хируршки е третиран орган, главно црн дроб и е под интензивна терапија и мерки за следење, кој исто така е сместен на одделението за интензивна нега.Четвртиот пациент има повреди на вратот, градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така оперативно третирана и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“ – соопштија од КЦЦГ.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала