НАТО: И Црна Гора е вклучена во консултациите околу Украина

Од:

Сите сојузници на НАТО, така и Црна Гора, се вклучени во редовните консултации за актуелната криза во Украина, изјави неименуван претставник на Алијансата.

Како што изјави функционерот за подгоричкиот весник „Побједа“, Црна Гора дава важен придонес за заедничката безбедност на Алијансата, без да прецизира дали очекуваат Подгорица да го зголеми бројот на војници во Летонија.

– Црногорските трупи учествуваат во мултинационалната борбена група на НАТО во Летонија, како и во нашата мировна мисија КФОР на Косово. Црна Гора, исто така, придонесува и во другите напори за промовирање на стабилноста во регионот, а сето тоа ја покажува силната посветеност на Црна Гора кон НАТО, рече претставникот на НАТО, потсетувајќи на претходните ставови на Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг неодамна најави дека Алијансата би можела да распореди дополнителни борбени единици во Источна Европа како одговор на распоредувањето руски вооружени сили на границата со Украина, но тој на крајот на минатата недела сепак рече дека нема да го стори тоа.

Претставници на црногорскиот Совет за одбрана и безбедност, на чие чело е претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, тврдат дека не размислувале за дополнително ангажирање на црногорски војници во источното крило на Алијансата, но оти институциите на земјата ја анализираат безбедносната состојба на границата со Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски