Насер Кељменди во куќен притвор во Дубаи

Од:

Пребеганиот нарко бос Насер Кељменди, се наоѓа во куќен притвор во неговата вила во Дубаи, каде што неговото движење се контролира од страна на американски инспектори, пренесуваат медиумите во регионот.

Кељменди, кој неодамна од претседателот Барак Обама беше прогласен за непосредна опасност за САД, е во рацете на американските инспектори, според неделникОТ “Монитор”.

Весникот вели дека американските инспектори СО балканскиОТ крал на хероинот Кељменди, кој сега е на Блискиот Исток, склопиле договор и му доделиле ограничена слобода во замена за соработка и информации што тие ќе ги бараат од него.

Извор на неделникот наведува дека Кељменди полетал од аеродромот во Приштина, заедно со својот син Лиридони и роднината Реџеп Џек Кељменди, а на Блискиот Исток ги чекале Агенти на Американската агенција за борба против дрогата и ги спровеле до куќата што тој ја поседува таму.

Куќата не може да ја напушти, но и тоа решение е подобро за него и побезбедно отколку ако останеше на Балканот, изјави извор од црногорската полиција.

Изворот на неделникот рече дека Кељменди, за кого беше покрената потерница, претставуваше закана за другите наркобосови во синџирот на Авганистанската трансферзала, и дека некој од нив би можел да го елиминира ако тој не паднеше во рацете на Американците.

Судот на БиХ претходно издаде меѓународна потерница за повеќе лица осомничени за организиран криминал, вклучувајќи го и Насер Кељменди.

Портпаролката на американската амбасада во Подгорица Шели Сивер претходно изјави дека нема информации за каква било акција за апсење на Кељменди.

Медиумите шпекулираа дека Кељменди се наоѓа во неговиот роден град Пеќ во Косово.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски