Најмладата мајка во БиХ имала само 12 години

Од:

Од вкупниот број на склучени бракови годишно во БиХ во повеќе од 10 отсто од случаите судбоносното „да“ го изговараат девојки помлади од 18 години, а најмладата мајка имала само 12 години.

Статистиките покажуваат дека во Република Српска во 2011 година се склучени 5.800 бракови, од кои во брачна заедница стапиле 520 невести и 45 младоженци на возраст од 15 до 19 години.

Од друга страна, според податоците на ентитетските агенции за статистика, во овој период мајките помлади од 18 години родиле 985 деца, а најмладата меѓу нив имала само 12 години.

Најчести причини за стапување во брак се веќе заснованата брачна заедница и бременоста, а истражувањето на Омбудсманот за деца на РС покажува дека во последните две школски години, средното образование поради брак и бременост во РС го напуштиле дури 74 ученички.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина