Најмалку шест деца во Црна Гора заразени со салмонела

Од:

Најмалку шест деца на претшколска возраст се хоспитализирани во подгоричката болница поради стомачни тегоби, предизвикани од бактеријата салмонела, со која најверојатно се заразиле во градинка, јавија црногорските медиуми.

Институтот за болести кај децата соопшти дека се хоспитализирани шест деца со силни стомачни проблеми.

Кај три деца е изолирана салмонела, а за другите анализите се во тек и се чекаат конечните резултати.

Директорката на градинката Наташа Томовиќ не сакаше ниту да потврди, ниту да демантира дека меѓу заразаните има деца кои одат во таа установа, додека родителите на заболените деца тврдат дека тие се заразиле во градинката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски