Над 1.300 жители на црногорскиот град Беране побарале лекарска помош поради стомачни проблеми

Од:

Повеќе од 1.300 жители на црногорскиот град Беране побарале лекарска помош поради симптоми на стомачни и цревни заболувања, соопшти денеска Министерството за здравство на Црна Гора.

Причина за болеста е наглото влошување на квалитетот на водата во цевките, која повеќето граѓани ја пијат директно од чешмите, како и лошите хигиенски услови.

До ширење на инфекцијата и загадувањето на водата дошло поради тоа што подолго време од градот не се транспортира сметот. Незадоволни граѓани, кои протестираат поради огворањето на градската депонија во предградието Беренсело, го блокирале патот кон депонијата и не им дозволуваат на камионите за смет да поминат.

Поради алармантната епидемиолошка ситуација во Беране допатуваа министрите за здравство и за одржлив развој, Миодраг Радуновиќ и Бранимир Гвозденовиќ.

Радуновиќ истакна дека ако ситуацијата во градот набрзо не се промени, тогаш може да се појават болести како тифус и колера.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски