На српски политичар кој ја поддржува Русија му е забранет влез во Босна и Херцеговина

Од:

На српскиот политичар и шеф на вонпарламентарното движење Ослобоѓење Млаѓан Ѓорѓевиќ му е забранет влез во Босна и Херцеговина. Одлуката за забраната Ѓорѓевиќ ја објави на Твитер.

Ѓорѓевиќ утрово е вратен од граничниот премин Скелин со образложение дека претставува закана за безбедноста на Босна и Херцеговина, јавниот ред и мир, пренесува Кликс.

„Доживеав непријатности на денот кога отидов на света литургија во манастирот Карно над Сребреница кај игуменот Лука во спомен на митрополитот Амфилохие“, рече Ѓорѓевиќ.

Нема официјални информации зошто на Ѓорѓевиќ му е забранет влез во Босна и Херцеговина, а тој тврди дека не претставува закана. Тој ја коментираше новонастанатата ситуација за српски Данас.

„Се разбира, не претставувам никаква закана бидејќи не сум ниту криминалец, ниту терорист, туку човек кој јавно ги застапува своите ставови и силно го поддржува Дејтон и неговите достигнувања, како и опстанокот на Република Српска. Ќе поднесам жалба против оваа одлука, а чудно е што има тајни списоци за забраната за влез, а ниту Србија ниту РС досега не реагирале на тоа“, изјави Ѓорѓевиќ за Данас.

Кликс наведува дека Ѓорѓевиќ повеќе пати покажувал контроверзии и радикални мислења и наведува дека не е екстремист.

Политичарот смета дека целта на овој чин е „прогон на Србите и православните“. Ѓорѓевиќ неодамна престојуваше во Русија, се фотографираше со воена опрема, а оваа пролет беше на проруски протест во Белград. Потоа беше снимен како ја пишува буквата З на асфалтот.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница