На Црна Гора и се заканува исклучување од европската енергетска мрежа

Од:

Црногорското Министерство за економија побара од „енергетските субјекти“ во земјата и Комбинатот за алуминиум во Подгорица да се договорат околу начинот за враќање на електричната енергија, која комбинатот нелегално ја користи од европската мрежа.

Овој проблем претставува закана за целосното снабдување со струја на потрошувачите во Црна Гора. Министерството соопшти дека Владата работи на изнаоѓање решение на прашањето за долгорочно снабдување на комбинатот со електрична енергија.

Европскиот комитет за оперативно управување и безбедност на работата на енергетскиот систем и Европската оперативна мрежа претходно побараа од Црна Гора веднаш да започне со враќање на електричната енергија, која комбинатот нелегално ја користел од февруари до мај оваа година од земји во регионот и други членки на европската мрежа.

Двете европски енергетски институции и дадо рок на Црна Гора до 10 јуни да почне со враќање на незаконското користење на струјата. Во спротивно на земјата и се заканува исклучување од европската мрежа, а со тоа може да има и времен прекин на снабдување со струја на сите потрошувачи во државата.

Комбинатот за алуминиум во Подгорица има долгови од над 350 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски