На Балканот врие од оружје, Македонија петта

Од:

Според последните истражувања на Организацијата за контрола на рачното и лесно оружје во Југоистична Европа, граѓаните поседуваат 3 милиони парчиња легално оружје и уште 4 милиони парчиња нелегално оружје.

Србија е водечка земја во регионот по количеството оружје што го поседуваат граѓаните, односно 15,81 парчиња оружје на 100 жители. Втора е Црна Гора со 14, 36 на 100 жители, следува Хрватска (8, 36), Босна и Херцеговина ( 7, 97), Македонија (7, 36), Молдавија (5,44), Бугарија (4, 03). Грција и Романија имаат помалку од едно парче оружје на сто жители.

Србија е на првото место и кога се работи за нелегално вооружување и се претпоставува дека граѓаните поседуваат 1 милион парчиња нелегално оружје, се вели во студијата на швајцарската невладина организација за истражување на лесното оружје.

Според организацијата ако се земе во предвид и нелегалното и легалното оружје, тогаш во Србија има 38 парчиња оружје на 100 жители.

Според македонската невладина организација Цивил, секое четврто македонско семејство дома има оружје. Бројот на парчињата нелегално оружје од вкупно 2, 1 милиони жители е 250.000 илјади.

Според Цивил, државата во последната акција за собирање на оружјето спроведена во 2011 година собранала само 100 парчиња оружје, повеќето пиштоли и една мина. Се проценува дека околу 110.000 до 170.000 луѓе во земјава поседуваат 500.000 парчиња нелегално оружје.

Би можело да ве интересира

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Зеленски: На Украина и треба повеќе оружје

Запленета дрога и оружје кај маж од Дојран

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он