На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

Од:

На 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓу владина конференција со Европската унија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда”.

-На 2 септември, Албанија ја поднесе својата преговарачка позиција за следното групно поглавје, додека сега е официјално потврдено дека следната меѓу владина конференција за отворање на групното поглавје на „Зелената агенда“ ќе се одржи на 16-ти овој месец, објавија медиумите.

Додаваат дека отворањето на поглавјата ќе заврши на 2 октомври со меѓу владината конференција каде што ќе биде отворена и последната група поглавја, онаа „Земјоделство и кохезија“.

-Оваа есен се исполнува важна обврска за нашата земја, а тоа е отворањето на групните поглавја, додека најголемиот предизвик е нивното затворање, кое поминува низ долг процес на консултации и приближување на законодавството, оценуваат медиумите.

Албанија досега отвори 4 од 6 групи поглавја, таканаречените Основи, кои се најважни и последни што се затвораат, непосредно пред членството, надворешни односи, внатрешен пазар, Конкурентност и сеопфатен раст.

Амбицијата на владата е Албанија да стане полноправна членка до 2030 година, но комесарката за проширување Марта Кос е оптимистка во врска со членството на земјата до 2029 година.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“