Хрватската полиција денес околу 13:30 часот пронајде тело на лице додека вршеше увид во изгорената површина, соопшти Сплитско-далматинската полиција.
На местото на настанот ќе се спроведе увид на лице место, предводен од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата.
Засега не се објавени информации за идентитетот на починатиот или околностите на неговата смрт. Повеќе детали треба да бидат познати по увидот на лице место.
