Мртов – ладен преку граница

Од:

Мијо Гризељ (58) од селото Горица, БиХ откако починал во туристичката населба Башко поле кај Макараска, во неделата давејќи се во морето, бил пренесен илегално преку граница исто како во филмот „Мртов-ладен“. Неговото семејство го ставило во автомобилот, го маскирало со шапка и наочари и поминале преку границата Хрватска – Босна.

Причината била големите давачки, но и вообичаените процедури за пренос на мртовец во друга држава кои не сакале да ги чекаат.

Тие го преземале мртвото тело од мртовницата во Макарска, без документ кој ја потврдува неговата смрт, велејќи им дека ќе дојдат подоцна по него и си заминале.

Поминале две гранични контроли, без никој да забележи дека во автомобилот еден од патниците не е жив.

Марина Краљевиќ Гудељ, портпаролка на полицијата во Сплит, потврди дека Мијо Гризељ починал во неделата околу 17 часот, но додаде дека полицијата нема информации дека неговото тело било пренесено илегално преку граница.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница