Москва: Се врши притисок врз Србија

Од:

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко денеска изјави дека ситуацијата на Балканскиот Полуостров станува се посериозна поради политиката на САД, НАТО и Европската унија.

Грушко во интервју за ТВ каналот „Русија 24“ изјави дека западните земји вршат постојан притисок врз Србија да се тргне сегашната позиција, користејќи ги сите расположливи средства, вклучително и „поткопување на внатрешната стабилност“.

„Ситуацијата на Балканот се влошува и станува се поакутна како резултат на намерната политика на земјите од НАТО, Европската унија и САД. Овие земји вршат притисок врз Србија да ја признае независноста на Косово и да се приклучи кон антируските санкции“, рече Грушко, пренесе РИА.

Тој, исто така, укажа на обидите на Западот да ја дестабилизира ситуацијата во Косово, наведувајќи дека тамошното раководство се чувствува неказниво со поддршка од Западот.

Грушко посочи дека истиот притисок се врши и врз Босна и Херцеговина, каде, како што рече, има „нескриен притисок врз Република Српска и обиди да се одземат правата на српскиот народ“.

Таквата политика го покажува лицемерното однесување на Западот, кој иако постојано тврди дека ја почитува слободата на избор, во реалноста не им дозволува на независните земји сами да одлучуваат“, заклучува Грушко.

Кога станува збор за членството на Украина во НАТО, Грушко рече дека Русија ќе бара „цврсти гаранции“ кои го исклучуваат пристапот на Украина во НАТО, бидејќи таквиот потег ќе го оневозможи постигнувањето мир.

„Пристапувањето на Украина во НАТО е еден од клучните елементи на можниот договор за решавање на конфликтот во Украина. Ќе бараме правни гаранции кои би го исклучиле членството на Украина во НАТО во која било форма и ќе инсистираме тоа да стане официјална политика на сојуз“, рече Грушко, а пренесе Тасс.

Тој нагласи дека приемот на Украина во НАТО ќе ја исклучи можноста за постигнување мир во Украина и ќе создаде пречки за формирање стабилен безбедносен поредок во регионот.

Би можело да ве интересира

Трамп, не играј си ултиматуми со Русија

А1он

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично

Искра Росо: Бев задржана од полицијата во Белград без јасно објаснување, издадена ми е едногодишна забрана за влез во Србија

ВИДЕО: Генерален штрајк, протести и блокади во Србија

Катерина Ѓуровски

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег