Молитва за жртвите од нередите во Истанбул

Од:

Во паркот Гези во Истанбул муслиманските верници одржаа молитви за двајцата демонстранти и едниот полицаец кои ги изгубија животите во немирите што ја зафатија Турција од 31 мај.

Турскиот премиер Ердоган изјави дека е отворен за демократски барања и го отфрли насилството.

„Никој во оваа земја, освен на избори, не може да атакува врз демократијата, да поттикнува оган, вандализам во градовите и на јавните места. Народот е оној кој ни ја даде довербата, и само тој може да ни ја одземе“, изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој учествува на дводневна конференција во Истанбул, се сретна со претставници на турски граѓански организации, вклучително и со демонстрантите. Турција треба да спроведе истрага дали полицијата употребила прекумерна сила при задушувањето на антивладините протести во земјата и да побара казна за одговорните лица, изјави еврокомесарот Филе.

„Мирните демонстрации претставуваат легитимен израз на мислење во едно демократско општество. Во демократијата нема место за претерана употреба на сила од страна на полицијата против демонстрантите. Среќен сум што владата тоа го призна. Сега е време да се направи брза и транспарентна истрага и одговорните за насилството да се изведат пред лицето на правдата“, изјави еврокомесарот Штефан Филе.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не треба да има насилство врз турските демонстранти. Очекувам да се решат проблемите со младите луѓе во Турција и да не се употребува сила врз демонстрантите, истакна Меркел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски