Многу партии од коалицијата што го победи Ѓукановиќ во 2020 година, ќе го поддржат неговиот противкандидат во вториот круг

Од:

Многу политички партии од коалицијата што го победи Мило Ѓукановиќ на парламентарните избори во август 2020 година ветија денеска дека ќе го поддржат противкандидатот на Ѓукановиќ и кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора.

Јаков Милатовиќ и актуелниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кандидат на Демократската партија на социјалистите, влегоа во вториот круг од претседателските избори. Ѓукановиќ во првиот круг го поддржаа 35 отсто од гласачите, а Милатовиќ 29 отсто.

Како што соопштија од изборниот штаб на Милатовиќ, нивниот претседателски кандидат денеска се сретна со лидерите на просрпскиот Демократски фронт, чиј кандидат Андрија Мандиќ имаше поддршка од 19 отсто од гласачите во првиот круг, а потоа со Алекса Бечиќ од Демократска Црна Гора, поранешен претседател на парламентот и претседателски кандидат кој освои 11 отсто од гласовите и со претставниците на граѓанската Обединета реформска акција (УРА) на премиерот Дритан Абазовиќ.

Тие ветија дека ќе ги повикаат своите гласачи да го поддржат Милатовиќ. Поддршка доби и од просрпската Обединета Црна Гора, чиј кандидат Горан Даниловиќ освои 1,3 отсто од гласовите.

„Кандидатите на Европа сега, ДФ, Демократите и Обединетата партија заедно добија повеќе од 60 отсто поддршка и над 80.000 гласови повеќе од претседателскиот кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ“, објави Движењето Европа сега.

По првиот круг од изборите, Ѓукановиќ може да смета на поддршката на кандидатот на СДП Драгиња Вуксановиќ, која освои нешто повеќе од три отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала