Младен Иваниќ: Наскоро е можна нова Влада на БиХ

Од:

Постои голема веројатност дека за релативно брзо време ќе биде формиран нов состав на Советот на министри на Босна и Херцеговина, изјави денеска претседавачот на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ.

Според него, формирањето на органите на власта во БиХ во моментов пред се зависи од Демократскиот фронт (ДФ) и Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и нивните меѓусебни односи.

– Последните информации со кои располагам велат дека тие се договориле, но имaјќi ги предвид претходните искуства, не можам да гарантирам дека тоа е сигурно така. Постoи 90 отсто веројатност дека релативно брзо ќе имаме нов Совет на министри, но и нова Влада на Федерацијата Босна и Херцеговина, бидејќи тоа е поврзано едно со друго, изјави Иваниќ.

Тој нагласи дека одолговлекувањето на формирањето на органите на власта во БиХ нема дирекно да го загрози Договорот за стабилизиација и асоцијација со ЕУ, иако сепак е „загрозен позитивниот момент што бил создаден“.

Новата Влада на Федерацијата БиХ предводена од Фадил Новалиќ беше договрена пред 12 дена. Покрај, ДФ и ХДЗ во неа партиципира и Партијата за демократска акција (СДА).

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници