Мировниот процес за решавање на курдското прашање во Турција би можел да биде блокиран

Од:

Процесот за мирно решавање на курдското прашање во Турција може да биде блокиран следната недела, доколку Турција не преземе чекори за исполнување на барањата на Курдите, изјави поранешниот лидер на Курдската работничка партија (ПКК), Мурат Карајaлан.

– Затворите се полни со курдски политичари. Тоа е факт кој го спречува процесот. Секој треба да знае дека следната недела е многу важна. Ако ставот на турската држава остане како во моментов, процесот ќе биде блокиран, истакна Карајaлан.

Турските власти кон крајот на минатата година започнаа преговори со курдскиот лидер Абдула Оџалан за мирно решавање на курдскиот конфликт, во кој во последните 30 години загинаа над 40.000 лица.

Курдските бунтовници пред неколку дена извршија промени во раководството на ПКК, при што е сменет досегашниот лидер Карајалан. Од сега натамутој ќе раководи само со вооруженото крило на ПКК.

Карајалан упати критики и до политиката на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) за време на протестите во истанбулскиот парк Гези, нагласувајќи дека одговорот на власта кон демонстрантите покажал „недостиг на толерантност“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски